Partner Award Adriatic е годишна гала манифестација организирана од Dell Technologies со цел да ги награди своите партнери и дистрибутерите за сите достигнувања во претходната година.

Оваа година, за прв пат, наградите за партнери на Dell Technologies од Адриатик регионот се одржаа како виртуелен настан.

Во избортот учествуваа повеќе од 150 компании од: Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Македонија.

ИТД Македонија ја доби наградата Дистрибутер на годината за регионот Македонија, Албанија и Косово како најбрзорастечки дистрибутер на овие пазари, поради успешното управување со портфолио за крајни корисници и корпоративна продажба, како и за градењето на одлични релации со своите партнери.

Од ИТД Дистрибуција посочија дека ова признание е предизвик да се добие, особено во силна регионална конкуренција и е плод на одличната тимска работа.

Претходна статијаКаква иднина ќе имаме зависи од нас, граѓаните
Следна статијаWizz Air објави 30% попуст на сите билети до сите дестинации