Симпозиумот Ст. Гален, годишен собир на сегашни и идни лидери од целиот свет, оваа година ја прослави 50-годишнината од своето постоење. Во текот на настанот, 1.000 учесници присуствуваа на тридневниот меѓу-генерациски дијалог, приклучувајќи се на кампусот на Универзитетот Сент Гален, меѓународните центри на Сингапур и Бостон, десет швајцарски амбасади ширум светот и на други места онлајн.

Катрин Чен, виш потпретседател на корпорацијата и член на Управниот одбор на Huawei, утрово се обрати на иницијативата предводена од студентите. Меѓу останатите врвни говорници од приватниот сектор беа и Кристоф Франц, Претседател на Управниот одбор во Roche, Ола Калениус, Претседател на бордот на директори во Daimler, Сатја Надела, Главен извршен директор на Мicrosoft и Рошни Надар Малхотра, Извршен директор на HCL корпорацијата.

Учесниците, меѓу кои беа вклучени и политичките лидери, како австрискиот канцелар Себастијан Курц и претставниците на транснационалните организации, како претседателката на Швајцарската дигитална иницијатива, Дорис Лојтхард, се собраа да разменат свои мислења за темата на годинашниот симпозиум, „Довербата е важна“, нешто на што Huawei е длабоко посветен.

Катрин Чен смета дека за ова ќе бидат потребни заеднички напори на креаторите на политиката, регулаторите и приватниот сектор.

„Колаборативната природа на глобалната трговија мора да се зачува и прошири. Бидејќи технологијата станува сè посложена, соработката ќе станува сè поважна за понатамошен напредок. Ниту една компанија, без оглед на големината, не може да успее сама. Тука е важна довербата, а довербата се гради врз отвореност и транспарентност. Движењето напред, отвореноста и транспарентноста треба да бидат наши водечки принципи. Повеќе уреди ќе имаат поврзани, повеќе услуги ќе одат на Интернет и повеќе критична инфраструктура ќе се потпира на размена на податоци во реално време. Така, владите ширум светот мора да обезбедат заштита според највисоките безбедносни стандарди. Само заеднички утврдени правила може да гарантираат ниво на безбедност што создава доверба во технологијата. Исто така, мора да воспоставиме унифицирани технички стандарди и правила за управување со податоците. Податоците се клучен фактор во економскиот и општествениот развој“, истакна Чен.

Годинашниот Ст. Гален симпозиум започна на 5. мај

Учесниците на настанот се сложија дека довербата суштински се гради врз отвореност и транспарентност и дека е време да се преземат конкретни, активни чекори за решавање на заедничките предизвици и ризици што се појавија во екот на пандемијата со Ковид-19.

Довербата на јавноста во политичките и економските институции, новите технологии и медиумите неодамна беше нарушена, посебно кај помладите генерации, а тоа уште повеќе го влоши пандемијата.

„Ние, како припадници на помладата генерација, поврзани сме со поголем број луѓе преку социјалните мрежи, но ова не одговара на кругот на луѓе на кои можеме да им веруваме“, рече Симон Зулигер, член на тимот составен од 35 студенти од Универзитет Ст. Гален, кој го организираше годинашниот симпозиум.

Тимот го изрази својот став дека изнаоѓањето начини за зачувување и зајакнување на довербата е клучно за одржливо закрепнување.

Чен се надева дека следната генерација лидери ќе изградат доверба и ќе оформат свет на сеопфатна поврзаност.

„Ги повикувам да продолжат да развиваат позитивни односи меѓу заедниците, поединците и нивните средини. Мораме да изградиме силна доверба во технологијата, овозможена од заедничкиот пакет правила, иновации и напредок. Само тогаш можеме да се посветиме на одржливост и доверлива употреба на технологијата“, рече таа.

За Huawei

Основан во 1987 година, Huawei е водечки глобален провајдер на инфраструктура за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) и паметни уреди. Компанијата има повеќе од 197.000 вработени и работи во повеќе од 170 земји и региони, опслужувајќи повеќе од три милијарди луѓе ширум светот.

Нашата визија и мисија е да го донесеме дигиталнoто до секоја личност, дом и организација за целосно поврзан, интелигентен свет. За таа цел, воспоставуваме сеприсутна поврзаност и промовираме еднаков пристап до мрежите; го донесуваме облакот и вештачката интелигенција до сите четири агли на земјата за да обезбедиме супериорна компјутерска моќ таму каде што ви треба и кога ви треба; градиме дигитални платформи за да им помогнат на сите индустрии и организации да станат поагилни, поеефикасни и подинамични; го редефинираме корисничкото искуство со AI (вештачка интелигенција), правејќи го  поперсонализирано за луѓето во сите аспекти од нивниот живот, без разлика дали се дома, во канцеларија или во движење.

За повеќе информации, ве молиме посетете го Huawei онлајн на www.huawei.com или следете не на:

http://www.linkedin.com/company/Huawei

http://www.twitter.com/Huawei

http://www.facebook.com/Huawei

http://www.google.com/+Huawei

http://www.youtube.com/Huawei

Претходна статијаTwitter ја претстави Tip Jar функцијата за испраќање „бакшиши“ помеѓу корисниците
Следна статијаФИТР и Семос Едукација: Бесплатни обуки за 1000 лица за вештачка интелигенција