Фото: Shutterstock.com

Twitter претстави нова функција на мрежата преку која корисниците ќе можат да си испраќаат бакшиши и со тоа да ја дадат својата поддршка. Ова како практика веќе функционира, па со новата функција Twitter го олеснува целиот процес.

Tip Jar е името на функцијата и корисниците кои ќе ја имаат вклучено ќе може да се препознаат преку новата икона во делот до Follow копчето. Со притискање на ова копче, корисниците ќе можат да им исплатат сума на пари на сопствениците на тој профил преку неколку сервиси, како Bandcamp, Cash App, Patreon, PayPal и Venmo.

Од Twitter истакнуваат дека тие нема да зимаат дел од овие исплати, што значи дека целата сума ќе оди за корисниците.

За почеток Tip Jar ќе им биде достапна на ограничен број на корисници кои ја користат мрежата на англиски и се креатори, новинари, експерти и непрофитни организации.

На овој начин корисниците ќе можат да ги поддржат овие профили со повеќе од следење и лајкови.

ИЗВОРTwitter
Претходна статијаIBM најави 2nm технологија за чипови која ќе донесе зголемување на перформансите и намалување на потрошувачката
Следна статијаHuawei повикува на поблиска соработка во јавниот и приватниот сектор за враќање на довербата во технологијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.