IBM оваа недела ја претстави првата 2nm технологија за компјутерски чипови. Ова е голем напредок кој ќе донесе повеќе придобивки за уредите кои ќе ги користат новите чипови направени на оваа технологија.

Моментално чиповите кои се достапни се прават најчесто во 7nm технологија, а достапни се и 5nm чипови. IBM споредбата за придобивките во главно ја прави со 7nm чипови, па треба и тоа да се земе во предвид.

Според IBM, чиповите кои ќе бидат направени со новата 2nm технологија ќе овозможат скоро дупло подобри перформанси, односно 45% подобри во споредба со чиповите направени во 7nm технологија.

Подобрување секако има и во потрошувачката на енергија, па подобрувањето на перформансите од 45% доаѓа со иста потрошувачка како другите чипови, односно 75% помалку потрошувачка доколку се користи истото ниво на перформанси како кај 7nm чипови.

Подобрувањето на перформансите и потрошувачката доаѓаат од можноста да повеќе транзистори бидат поставени на истиот простор. Во време на мобилни уреди, задржувањето и намалувањето на големината на чиповите е доста важен фактор.

Со новата технологија, истакнуваат од IBM, можат да бидат поставени 50 милијарди транзистори на чип со големина од нокт од прстите, додека оваа бројка изнесува 30 милијарди кај чиповите со 5nm технологија.

Не е точно познато кога може да се очекуваат првите чипови со 2nm технологија поради тоа што IBM не се тие кои ги произведуваат. Технологијата ќе треба да ја искористи некој од производителите, а има и најави дека дел од нив развиваат своја. Ако се земе во предвид искуството, ваквите чипови може да се очекуваат најрано идната година.

Интересна информација која ја најавува IBM е дека потрошувачката на енергија со овие чипови ќе биде доволно помала да корисниците ќе можат да ги полнат своите мобилни уреди на секои 4 денови.

Исто така, големо значење се дава на зголемувањето на перформансите заедно со намалената потрошувачка кај серверите кои трошат голем дел од светската енергија и влијаат на околината.

ИЗВОРIBM
ИЗВОР 2BBC
Претходна статија8 мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на Црвениот крст на РСМ од 8-15 мај
Следна статијаTwitter ја претстави Tip Jar функцијата за испраќање „бакшиши“ помеѓу корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.