1slickLogin-logo

SlickLogin е израелска компанија која што развива систем за најавување на интернет сервиси преку звучна автентикација. Кога корисникот сака да се најави на некој сервис, мобилниот телефон го поставува во близина на својот компјутер и звичниците од кои што добива уникатен звук генериран од сервисот. Потоа апликацијата на мобилниот го анализира овој звук и испраќа потврден сигнал после кој што корисникот е најавен на интернет сервисот на кој што се најавува.

SlickLogin може да се користи како замена за лозинка при најавување или како второ ниво на заштита при најавување, нешто како постојниот 2 step verification систем, кој што работи преку испраќање на различни кодови кој што корисникот треба да ги внесе секогаш кога се најавува на интернет сервис со својата лозинка.

Од SlickLogin денеска на својата веб страна објавија дека склучиле договор за нивно презимање од страна на Google. Повеќе детали околу зделката не се уште објавени, односно не е позната цената, како и останатите услови поврзани со преземањето.

Претходна статијаApple и Google одбиваат нови „Flappy“ игри
Следна статијаПинг-понг натпревар помеѓу човек и робот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.