Компанијата Apple ја објави датата на почеток на Светската конференција на develop-ери (WWDC 2018). Официјално конференцијата ќе започне на 4-ти јуни, а ќе биде одржана во Сан Хозе, Калифорнија.
Компанијата речиси сигурно ќе го искористи настанот за да промовира некои од нивните најнови производи. Меѓу нив сигурно ќе се најдат и новите софтвери iOS 12, MacOS 10.14, watchOS 5 и tvOS 12. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо и ќе може да се следи он-лајн.
Она што ќе биде во главен фокус на настанот е секако претставувањето на големото софтверско надополнување, односно промоција на 12-тата верзија на iOS. Гласините велат дека Apple ќе отстапи од својата традиција. Па така, овој пат нема да претстави значајни дополнувања од аспект на алатки. Се чини дека 12-ката ќе биде посветена на функционалност. Тоа е сосема логички одговор на серијата обвинувања и негативни реакции на кои наиде нејзиниот претходник.
Второто место му припаѓа на персоналниот компјутер MacBook Air кој се очекува на направи comeback и да ја зголеми продажбата. Apple планира да привлече повеќе купувачи со тоа што ќе им понуди лап-топ со одлични перформанси по најповолната цена на пазарот.