Според неофицијални информации, кои наводно ќе станат официјални денес или во текот на неделата, Apple е во преговори за купување на познатата компанија Shazam.

За Shazam сигурно сите знаете, тоа е онаа апликација која може да ја препознае скоро секоја песна која што ќе посакате, а во поновите верзии и скоро секоја серија, филм или реклама, иако овие последните не се достапни во сите земји.

Препознавањето се прави на едноставен начин. Ја вклучувате апликација, а таа „слуша“ неколку секунди од песната која што сакате да биде препознаена, по што се прикажува резултатот.

Shazam беше посебно популарна пред повеќе години кога ваквите апликации беа поретки, а точноста и брзината на Shazam немаше конкуренција. Во денешно време оваа популарност не е толку голема, меѓутоа апликацијата сепак останува една од најпознатите.

Apple се верува дека ќе ја купи компанијата за околу 400 милиони долари, што е значително помалку од неодамна проценетата вредност на компанијата од 1 милијарда.

Исто така, се верува дека Apple ја купува компанијата поради технологијата за препознавање на визуелна содржина, а не поради препознавањето на музика.

Во текот на денот или оваа недела, ќе дознаеме што ќе се случи со компанијата, како и со нејзините сервиси.

Извор: Recode, TechCrunch, TechnoBuffalo

Фото: Shazam

Претходна статијаWindows 7 надградбите престанале да работат за некои корисници, но решението за проблемот е лесно
Следна статијаInstagram тестира издвојување на директните пораки во посебна апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.