Кинески „јутјубер“ го претстави првиот iPhone со екран кој се превиткува. iPhone V е уред кој е направен со комбинација на деловите од повеќе телефони, односно од неколку iPhone модели и Motorola Razr.

Крајниот резултат е преклоплив iPhone кој целосно функционира и може да се користи, а во видеото во продолжение може да се погледне целиот процес на развој на iPhone V.

Колку и да е интересно ова видео и телефонот кој е направен, сепак кога Apple кончено ќе влезе на овој пазар, за неколку години, очекуваме дека крајниот резултат ќе биде во целосно друг правец.  

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft ќе почне да ги брои прикачените датотеки од Outlook.com во ограничувањето на OneDrive
Следна статијаSamsung Maintenance Mode е функција која ги штити податоците на корисниците додека телефонот им е на сервис
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.