Red Bull Paper Wings и оваа година повторно полетува со своите авиончиња од хартија. Идејата е многу едноставна: Нема керозин, нема мотор, нема комплицирани навигациски системи – cè што е потребно е најобичен А4 лист хартија, вешти раце за правење авионче од хартија и што е можно подалеку да одлета авиончето. 

Доаѓајќи од повеќе од 60 држави, националните победници од сите три категории ќе бидат поканети на Светското финале на Red Bull Paper Wings, каде ќе бидат крунисани светските шампиони.

Категории:

Натпреварот брои 3 категории:

  1. Дистанца – авиончето што ќе одлета најдалеку;
  2. Времетраење на лет – авиончето што најдолго ќе се задржи во лет;
  3. Аеробатика – најкреативен настап

Првите две категории се одржуваат во живо, на квалификациите и националното финале во Скопје. Додека третата категорија, аеробатика, се одржува целосно онлајн на Instagram. Повеќе информации за пријавување на www.redbullpaperwings.com/mk-mk/

Натпревари:

Пилотите кои сакаат да стигнат до Светското Финале мора да пројдат низ следниве фази:

  • Квалификации – 27.03.2022 година со почеток во 15.00 часот, Спортски Центар Форца
    (најдобрите 12 од двете категории ќе бидат поканети на националното финале)
  • Национално финале -01.04.2022 година со почеток во 15.00 часот, East Gate Mall
  • Аеробатика – целосно онјалн

Победниците од секоја категорија ќе имаат шанса да ја претставуваат Македонија на Светското финале во познатиот Хангар 7 во Салцбург, Австрија во мај, каде ќе се натпреваруваат рамо до рамо со светската елита во правење хартиени авиончиња. Од тука, шампионите од секоја категорија ќе добијат летечко искуство со реномираната флота на Flying Bulls

Пријавувањето и сите подетални информации можете да ги најдете тука

Претходна статијаMeta ќе дозволи објави со кои се повикува на насилство против руските војници и политичари на Facebook и Instagram
Следна статијаApple ја менува практиката за користење на истиот чип кај сите свои iPhone модели