Фото: Shutterstock.com

По цензурирање на цели медиуми, а ова се случува од двете страни, Meta отиде чекор подалеку со донесување на одлука со која во иднина не е чудо да се занимаваат судовите во САД.

Конкретно, од компанијата решија да привремено ја променат својата политика за објави со која се забранува говор на омраза и повикување на насилство, кога се во прашање руските војници и руските, па и белоруските политичари.

За одлуката биле информирани потребните вработени во Meta, а до имејл пораката доаѓаат од Reuters. Во пораката се истакнува дека ќе биде дозволено да се повикува на насилство насочено кон руските војници, со исклучок на заробените, како и насилство насочено кон русите кога е во контекст на руската војна во Украина.

Дополнително, се истакнува дека ќе биде дозволено повикување на насилство кон рускиот претседател, како и претседателот на Белорусија, со исклучок на објави кои вклучуваат конкретни методи и точна локација.

Ова нова правило, односно исклучок од правилата на мрежите ќе се применува во ограничен број на земји, односно Ерменија, Азербејџан, Естонија, Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Русија, Словачка и Украина.

На оваа одлука реакција дојде и од руската амбасада во САД преку Twitter, а објавата можете да ја видите во продолжение.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаДоделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021
Следна статијаНајголемиот натпревар за фрлање авиончиња од хартија, Red Bull Paper Wings, се враќа во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.