Изгледа ништо што излегува од Јапонија не е вообичаено. Не треба посебно да се трудат за нешто нас, од другата страна на Планетата, да ни изгледа чудно. Еден од најинтересниот формат преку кој јапонците ги искажуваат своите најоригинални и чудни идеи е манга стрипот. За луѓе кои длабоко се навлезени во хорор/сф, оригиналноста на јапонските автори е добро освежување надвор од она што стандардно сме навикнати да гледаме/читаме од европски или американски автори.

Во прилог е моја селекција на три хорор стрипови од Junji Ito, мајсторот на weird horror manga, кои топло ги препорачувам за крај на летото.

  1. Uzumaki (или во превод „Спирала“)

Ова е најпознат weird хорор манга серијал на Junji Ito. Станува збор за еден вид на сценарио на “city under a dome”, во кое малото градче Kurozu-cho е проколнато со чудна клетва – жителите се опседнуваат од спирали. Судбината на жителите станува се почудна и поочајна а оние кои навреме ќе разберат дека ако сакаат да останат живи (и здрави во умот) мора да избегаат, ќе сфатат дека Градот нема така лесно да ги пушти на слобода.

Ништо не е јасно на почеток (а и не многу и на крај, што има мала доза Lovecraft во приказната), но судбините на жртвите на Ito и неговиот стил те вознемируваат на некое длабоко психолошко ниво. Нормално, има gore и body horror елементи низ целиот стрип кој се избегани до даска но истите не се она што најмногу плаши и вознемирува.

  1.  The Enigma of Amigara Fault

После силен земјотрес, се појавуваат дупки/празнини во планина. За кусо време настанува хистерија помеѓу луѓето кои почнуваат да бидат „повикувани“ од дупките кои се чини дека за секој има по една идентична на неговата висина и дебелина. Како луѓето го следат „повикот“ така Junji ни го прикажува хоророт кој ги следи нив.

  1. Army of One

За фанови од Ханибал Army of One е одлична препорака. Секако, со јапонски оригинален твист кој не може да се очекува од не-јапонски автори. Се смета за една од најдобрите кратки приказни на авторот од стотици. Дефинитивно вреди да се прочита.

Претходна статијаСакајќи да си ја олесни работата, Маск влезе во поголема неволја
Следна статијаЗимата доаѓа, но малку подоцна од очекуваното