ХБО има навика драматично да ги објавува датумите на емитување на секоја нова сезона од „Гејм“. Датумот на првата епизода од сезона 7 беше објавен на оригинален (со доза на foreshadowing за последната сцена од сезоната) начин, со Твитер видео стрим на кој беше прикажан голем блок на мраз, кој во себе го криеше датумот на емитување на првата епизода.

Тие што го гледаа стримот, мораа да коментираат „Fire“ за мразот побрзо да се стопи. Стримот беше гледан од повеќе од милион корисници. ЕДЕН МИЛИОН луѓе гледаа видео од мраз како се топи само за да го откријат датумот. Таква е фан базата на една од најсаканите ТВ серии на сите времиња.

Што прави Мартин во меѓувреме?

Се надевам дека го довршува новото продолжение („Ветровите на зимата“) на неговата книжевна серија. Последниот пат кога Џорџ РР Мартин објави нова книга од серијалот беше 2011 година, Барак Обама беше новата надеж на САД, а јас имав обетка на ушите. Fast forward до 2018 година, Барак Обама не е повеќе „лидер на слободниот свет“, а мојата обетка е long gone.

Ќе биде неверојатно тешко за љубителите на книгите ако ТВ серијата заврши пред да биде објавена новата книга. Секоја нова епизода е спектакл за кој се зборува во друштво, на работа, во кафулиња и секаде каде што се движат митолошките суштества – фанови на Игра на тронови.

Сепак, 2019 ќе биде обележана со повеќе нови нешта поврзани со универзумот во кој е сместен Игра на тронови. Последната сезона ќе ја гледаме некаде на почетокот на летото, книгата (веројатно) на есен, а снимањето на пилот епизодата на првиот “prequel” е закажано за февруари.

Претходна статијаПрепорака: Три чудни хорор стрипови од Јапонија за крај на летото
Следна статијаСтудија покажува дека правењето пауза од Facebook ја подобрува нашата добросостојба