Amazon минатата недела го најави отворањето на нивниот Amazon Salon. Ова е дефинитивно неочекувана новост од оваа компанија, но тие сепак ќе влезат во бизнисот со фризерски салони.

Amazon Salon е отворен во Лондон и според информациите тој сепак ќе биде единствениот. Од Amazon не планираат да го шират овој бизнис и да продолжат со отворање на нови салони на други локации.

Целта на отворањето на овој салон е прикажување и тестирање на најновата технологија која ја развиваат од компанијата, а исто така салонот ќе биде место каде ќе може да се видат и купат производите кои ги продаваат од областа на негата на коса.

Amazon Salon е отворен во Brushfield  Street во Spitalfields во Лондон. Изграден е на два ката со површина од 140 квадратни метри. Салонот ќе го води Елена Лавагњи која е сопственик на познат салон во Лондон.

Посетителите на салонот покрај тоа што ќе можат да ги купат најновите производи, ќе можат да ја тестираат својата нова фризура пред истата да им биде направена. Тоа секако ќе се прави преку изменета реалност која ќе биде помогната од огледалата кои се стандарден дел од салоните.

За почеток овој салон ќе им биде достапен на вработените во Amazon, но од компанијата најавуваат дека во периодот што следи ќе може да се користи од сите заинтересирани.

„Го дизајниравме овој салон за клиентите да дојдат и да искусат дел од најдобрите технологија, производи за нега на косата и стилисти на пазарот. Сакаме ова уникатно место да не донесе еден чекор поблиску до клиентите и тоа ќе биде место каде што ќе можеме да соработуваме со пазарот и да тестираме нови технологии.“ – истакна Џон Боумфри менаџер во Amazon за Британија.

ИЗВОРAmazon
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија26-ти април Светски ден на интелектуална сопственост
Следна статијаРецензија на Samsung Galaxy S21+ 5G – Телефон што не можете да не го купите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.