Неодамна во САД беше донесен закон со кој патниците низ американските аеродроми мораат да направат скенирање на лицето. Притоа, задолжително е за сите кои не се државјани на САД, додека, пак, домашните патници можат, но не мораат да направат скен.

Пред речиси еден месец, Министерството за внатрешна безбедност на САД најави дополнување на законот. Така, се предвидува – секој што ќе сака да влезе или излезе од САД, ќе мора да направи скен на лицето, без разлика дали е или не е државјанин на САД.

Целта на овој систем е заштита од криминал и тероризам. Системот прави споредба на моменталната слика со податоците кои Министерството веќе ги има за патниците, како што се слика од визата, пасошот и други документи.

Државјаните на САД стравуваат дека тоа е обид да се направи голема база со многу доверливи информации. Иако од Министерството велат дека сликите од системот се бришат по 12 часа.

По огромните критики на кои наиде овој предлог, се претпоставува дека Министерството за внатрешна безбедност најверојатно ќе го повлече.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.