Програмерот Grégoire Divaret-Chauveau за време на Codevember има развиено игра каква што тешко дека некој би се сетил воопшто на таква комбинација.

Играта, која е достапна само на веб, во исто време ги пушта познатите Тетрис и Змија, по што се игра во исто време, со истите контроли. Тоа значи дека кога корисникот ќе направи движење, тоа се прави на двете игри во исто време, што значи дека треба да внимава да одговараат на двете игри.

Доколку се изгуби на едната од игрите, автоматски се губи и на другата, што значи дека се почнува од почеток.

Од левата страна е поставена Тетрис, а од десната Змија, па интересно е да се види дали некој ќе може оваа игра да ја игра повеќе од неколку минути.

Играта е достапна на овој линк, па може да пробате колку време ќе издржите.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.