Shutterstock.com

Со оглед на тоа што претставувањето на Galaxy S11 серијата е прилично блиску, веќе се почесто можеме да прочитаме неофицијални информации за тоа што би можеле и да очекуваме од оваа серија.

Познатиот Ice Universe објави слика од која се гледа нова опција во сетирањата на One UI 2, оперативниот систем од Samsung од кој втората верзија е уште во бета, која овозможува менување на стапката на освежување на екранот.

Тоа значи дека Samsung во некој од наредните модели планира да вклучи екран со поголема стапка на освежување од стандардната, односно како што се гледа на сликата до 120Hz.

Доколку ова биде случајот со S11 серијата, тоа дефинитивно ќе придонесе кон подобра популарност.

Сега за сега ваквите уреди се ретки, а Google во Pixel 4 воведе можност за прилагодлива стапка на освежување до 90Hz.

Предноста на ваквите екрани, кои сепак трошат повеќе енергија, е што овозможуваат многу повеќе мазна слика која е попријатна за очите, но исто така го прави и самото користење на уредот подобро.

Тоа што најверојатно Samsung ќе го овозможи, покрај изборот помеѓу 60 и 120Hz, е да уредот сам ја прилагодува стапката на освежување, зависно од тоа дали има потреба од поголема.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.