Новата преработка на Resident Evil 4, која од март оваа година е достапна на PlayStation, Xbox и PC, треба да стане достапна за корисниците на уредите од Apple.

Тоа што е посебно интересно е што играта ќе биде достапна и за iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max телефоните, покрај за iPad и Mac. Се работи за целосната игра која иако може да се игра на самиот телефон, најдобро би било да се поврзе со телевизор и да се додаде контролер.

Цената на играта за iPhone ќе биде иста како за останатите платформи, со што се оди во правец на најавата на Apple дека нивните телефони ќе станат играчки конзоли.

Ќе биде интересно да се видат првите вакви игри, дали функционираат доволно добро преку iPhone и какво ќе биде загревањето на телефонот.

Инаку, играта се’ уште не е точно познато кога ќе биде пуштена на платформите од Apple. Кога ќе биде достапна ќе може да се игра на уреди со А17 Pro чип или со M1 и понов.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаУбиствата во барот Луме (Murders at BarLume) – шармантна италијанска серија на Pickbox TV
Следна статијаСе одржа втората конференција „Родова еднаквост на работното место“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.