Преполна со интересни ликови и мистериозни злосторства во малото италијанско гратче на тосканската ривиера, Убиствата во барот Луме (Murders at BarLume) е нова серија којашто ќе ги заинтригира сите љубители на криминалистиката и хуморот во комбинација.
Серијата се прикажува на Pickbox TV во 19:30 часот, од понеделник до петок. Гледачите ќе можат да уживаат во забавните авантури на жителите на италијанското гратче во текот на сите четири сезони.
Крими приказни со доза на хумор
Убиствата во барот Луме е шармантна нова италијанска серија на авторот на инспектор Монталбано. Адаптирана според романите на Марко Малвади, дејството се одвива во Пинета, прекрасно тосканско приморско село. Во средиште на приказната е Масимо Вивијани, човек кој добива на лото, купува бар на море и сонува за лесен живот. Но ништо не се одвива според планот.

Топлите, духовити приказни вклучуваат злосторства, детективи и група мудри старци кои седат пред барот Луме и му го изнесуваат своето мислење секому кој сака да слуша. Паметната италијанска криминалистичка драма вклучува извонредна актерска постава на чело со Филип Тими во улогата на Масимо.
Италијански сериски деликатес
Хумористичната/криминалистичката драмска серија се состои до севкупно 18 епизоди и е идеална за лесна, весела забава сместена во шармантната заедница на плажа. Сите разни криминалци се изведени пред лицето на правдата, секој на различен начин. Идеалната есенска серија Убиствата во барот Луме гледајте ја само на Pickbox TV.