Фото: Shutterstock.com

Се чини како после којзнае колку време, а ChatGPT излезе пред скоро една година, оваа алатка конечно добива директна поврзаност со интернет. Од OpenAI оваа нова можност ја нарекуваат можност за пребарување на интернет, а за корисниците на ChatGPT ова е доста важна новина.

Во основа, оваа нова можност значи дека ChatGPT веќе нема да има застарени информации, поради тоа што алатката беше тренирана на податоци до 2021 година. За одговорите ChatGPT ќе се поврзува на интернет и ќе ги дава најновите можни информации кои се достапни.

Како што е случајот со Bing и Bard, во одговорите ќе има линк до статии од каде се повлечени информациите во одговорите, нешто што е исто така доста важно за проверка на точноста. Генеративната вештачка интелигенција е позната по тоа што може да ги измисли одговорите во одредени ситуации.

За почеток оваа новина им е достапна на претплатниците кои плаќаат за алатката, но од OpenAI најавуваат дека истата ќе им биде достапна на сите наскоро.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаХалкбанк го посветува месецот на штедење на финансиска едукација за деца и млади
Следна статијаУбиствата во барот Луме (Murders at BarLume) – шармантна италијанска серија на Pickbox TV
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.