PC Game Pass Preview од денеска ја проширува достапноста на овој сервис во 40 нови земји, меѓу кои и Македонија. Во периодот што следи достапноста ќе излезе од Preview верзијата и ќе им биде достапна на сите корисници.

Со ова корисниците во нашата земја можат со една месечна претплата да имаат пристап до огромниот каталог на игри од Xbox Game Studios, Bathesda, EA Play членство, како и голем број на други игри.

Во оваа фаза достапноста е само за на компјутерите, односно корисниците нема да можат да се претплатат на пакетот кој вклучува игри и на Xbox конзолата, која и не е официјално поддржана во нашата земја.

Месечната претплата на PC Game Pass изнесува 10 долари, а првиот месец може да се користи за 1 долар, што е скоро исто како бесплатен период за проба.

Корисниците кои уште сега сакаат да ја пробаат PC Game Pass верзијата во Preview периодот, ќе треба да ја симнат Xbox апликацијата доколку веќе ја немаат, како и Xbox Insider Hub апликацијата. Двете апликации се достапни преку Microsoft Store на Windows.

По регистрацијата за Insider програмата и почетокот на претплатата, игрите ќе може да се видат преку новата лента во Microsoft Store, како и преку Xbox апликацијата.

Во видеото во продолжение е достапно објаснување како да се почне со користење на PC Game Pass уште сега.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMagenta heartbeat: Дојче Телеком се претстави на Светскиот конгрес за мобилна телефонија 2023
Следна статијаWindows 11 добива поголема надградба оваа недела со новиот Bing вграден во системот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.