Facebook одамна е место каде корисниците играат игри, порано во Flash технологијата, а сега HTML5. Поради тоа можеби оваа новост до некаде да ги збуни дел од корисниците.

Во основа тоа што го прави Facebook е додавање на можност да се играат игрите кои се достапни на мобилните уреди, но наместо истите да се инсталираат, ќе можат директно и веднаш да се играат преку мобилната апликација и преку веб страната на Facebook на десктоп.

Овие игри се веќе прилагодени за мобилните, што значи дека корисниците нема да ја добијат предноста од играње на посилни игри, како што е случајот со сервисите од Microsoft и Google. Во главно предноста од ова ќе биде можноста да се игра веднаш, без потреба од тоа да се чека да се инсталира играта и да го зафаќа просторот на мобилниот уред.

Игрите кои ќе бидат достапни во главно ќе бидат бесплатни, а исто така ќе бидат достапни и реклами.

Корисниците кои ќе се најават со својата сметка која ја користат за играње, ќе можат да ги пренесат своите резултати на повеќе платформи, односно ќе им бидат зачувани и кога ја играат играта инсталирана на нивниот уред.

Facebook Gaming делот веќе постои, а преку овој дел, покрај тоа што може да се играат игри, достапни се и видеа од луѓе што играат игри, нешто што не треба да се истакне колку е популарно.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаYouTube на мобилните доби неколку мали промени кои го подобруваат корисничкото искуство
Следна статијаSamsung и Stanford развија OLED екран кој има 10.000 пиксели на инч
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.