Како што најавија повеќето ИТ портали од САД, Facebook денес ја претстави нивната нова апликација Facebook Gaming. Оваа апликација иако има игри кои корисниците можат да ги играат, пред се е замислена како апликација преку која ќе се гледаат „стриминзи“ од други корисници кои играат игри.

Ова сигурно ви звучи познато, а корисниците веќе го користат YouTube за вакви видеа, како и познатата платформа Twitch. Facebook Gaming може да се гледа како конкуренција на овие платформи, посебно наменета за мобилните игри.

Преку Facebook Gaming корисниците можат и да разговараат помеѓу себе, а изборот на достапни игри исто така е голем.

За почеток оваа апликација е достапна само на Android, а се планира наскоро пуштање и на iOS. Можете да ја симнете преку овој линк.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаГејмерите ширум светот ќе го спасуваат Скопје?
Следна статијаOffice 365 официјално ребрендиран во Microsoft 365
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.