DSBII

Bolt II на Digital Storm е една од бранот на Steam конзоли тн. Steam Machines, составени од различни компании – партнери на Valve, кои се очекува да се појават на пазарот во наредниов период.

За да се разликуваат од останатите партнери на Valve, Digital Storm одлучиле покрај бета верзијата на SteamOS во пакет со Bolt II да ја вклучат и 8.1 верзијата на Windows, така што корисниците по потреба би можеле да менуваат помеѓу двата оперативни системи. Исто така, заедно со Steam контролерот ќе следува и комплет од маус и тастатура. На овој начин добивате целосно функционален Windows компјутер, како и Steam конзола за во вашата дневна соба.

Bolt II доаѓа во црно компактно куќиште со димензии од 16.4 x 4.4 x 14.1 инчи, кое може да биде поставено во хоризонтална и вертикална положба. Основните спецификации вклучуваат Intel Core i5 процесор од последната генерација кој ќе работи на фреквенција од 4.2 GHz, SSD со капацитет од 120 GB и хард диск од 1 TB. Процесорот кој функционира вон стандардните Intel спецификации ќе биде ладен од систем на вода со 240 милиметарски радијатор. Остатокот од компонентите ќе зависат од желбата и финансиските можности на корисниците.

HLCB

Системот на ладење е регулиран од специјална HydroLux контролна плоча со помош на стратешки поставени термални сонди. Со HydroLux контролна плоча доаѓа и пропратен софтвер преку кој можете да ги надгледувате температурите, да го оптимизирате протокот на воздух и да го регулирате LED осветлувањето.

HLCC

Digital Storm се очекува да започне со продажба на Bolt II некаде во средината на февруари. Цената на основниот модел ќе биде 1.899 долари.

Претходна статијаToshiba претстави нов Chromebook
Следна статијаНови детали околу Windows 8.1 Update 1