AMD оваа недела ги претстави графичките картички од наредната генерација, односно направена во новата RDNA 3 архитектура која за првпат го донесува таканаречениот „чиплет“ дизајн кај графичките картички.

Од компанијата даваат големи најави за што е тоа што треба да се очекува од двете нови картички, AMD Radeon RX 7900 XTX и Radeon RX 7900 XT, а ќе се продаваат и по пониски цени од конкурентните картички од Nvidia.

„Чиплет“ дизајнот доаѓа од AMD Ryzen чиповите од компанијата, а сега ќе биде тука да донесе подобри перформанси кај графичките картички, како и нешто што посебно се истакнува кај нив, поголема заштеда на енергија.

RDNA 3 архитектурата комбинира 5 и 6nm процес на производство, а секој од нив е оптимизиран зависно од својата задача. Според AMD, оваа нова архитектура овозможува 54% повеќе перформанси по ват енергија во споредба со RDNA 2.

AMD кај овие две нови картички се има одлучено за GDDR6 меморијата, специјално поради пониската потрошувачка, а тука е и брзината на комуникација помеѓу меморијата и графиката до 5,3TB/s.

Сите новини кои доаѓаат со RDNA 3, овозможуваат до 1,7 пати подобри перформанси кај некои од најпознатите 4K игри во споредба со RDNA 2 архитектурата, но како и со секоја поголема промена помеѓу генерациите, најдобро ќе може да се видат подобрувањата кога ќе почнат да излегуваат и првите тестови.

Главната картичка, односно предводникот во серијата е Radeon RX 7900 XTX која доаѓа со 96 „пресметковни единици“ кои работат на фреквенција од 2,3GHz и имаат 24GB GDDR6 меморија.

Radeon RX 7900 XT е нешто послаба картичка која доаѓа со 84 „пресметковни единици“ кои работат на фреквенција од 2GHz и меморија од 20GB GDDR6.

Тоа што исто така се истакнува со овие картички и нивната помала потрошувачка е што тие можат да се поврзат со стандарден конектор на соодветните матични плочи, а и не се очекуваат некои од проблемите кои се јавија кај Nvidia.

Цената по која треба да се продаваат новите картички изнесува 999 долари за Radeon RX 7900 XTX, односно 899 долари за Radeon RX 7900 XT.

ИЗВОРAMD
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSkyShowtime ги објави официјалните датуми за старт на програмата во Централна и Источна Европа на ексклузивен настан во Амстердам
Следна статијаQualcomm потврди дека Galaxy S23 ќе работи на Snapdragon чип во целиот свет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.