Meta кај својата Facebook друштвена мрежа пушти нова функција која ќе исправи една „грешка“ која ја прават корисниците, а тоа е отворањето на профил наместо Facebook страна. Ова можеби и не е толку проблем кај корисниците кои не се бизниси, туку една личност која функционира со јавни објави и има повеќе следбеници.

Корисниците сега ќе можат да вклучат „професионален режим“, односно Professional mode на својот профил и со тоа да добијат одредени можности кои не се достапни на приватните профили, а им се достапни на Facebook страните.

За жал, како и доста вакви функции и оваа на почеток им е достапна само на корисниците во САД, а и кај нив е ограничена на помал број. Од Meta најавуваат дека во периодот што следи ќе ја пуштат на повеќе корисници во САД, а со тек на време и во други земји.

Professional mode во основа им овозможува на корисниците да можат да заработат од нивните Reels видеа, кои во САД сега се достапни и на Facebook.

Исто така важно и корисно, со Professional mode корисниците ќе можат да гледаат статистики за нивните следбеници, односно статистики за нивните објави. Ова досега беше достапно само за Facebook страните, каде нивните сопственици можат да гледаат колку пати е видена некоја објава, колку пати на неа е кликнато, на кој дел, колку коментари и реакции има и слично.

Од Meta истакнуваат дека со вклучувањето на професионалниот режим, сите објави на корисниците стануваат јавни, но корисниците сепак ќе можат одредени објави да ги ограничат да ги гледаат само нивните приватни пријатели.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаТргањето на потребата од Control Panel повторно продолжува со Windows 11
Следна статијаИстражување на Аналитика: „Отворен Балкан“ силно поддржан од извозно ориентираните компании во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.