Binary Code

Секојдневно се соочуваме со ризикот од компјутерски вируси, софтвери специјално дизајнирани со цел да се наштети на оперативниот систем и лесно да се дојде до личните податоци на корисникот. И покрај сите напори да се скрати мрежата на хакери кои секојдневно продуцираат нови Malware софтвери, се чини дека од ден на ден бројот на интернет вируси расте.

Експертскиот тим на Leviathan Security Group откри нов тип на компјутерски вирус, кој преку интернет успева да ги инфицира системските .exe фајлови на Windows. Најчест случај преку кој вирусот ја наоѓа дестинацијата на системските фајлови е преку Windows Update.

Leviathan Security Group се убедени дека изворот на вирусот е од Tor анонимната мрежа во Русија, а изложени на опасност се сите кои сурфаат без антивирусна заштита. Tor ви дозволува да се најавите анонимно на интернет серверите, но во многу случаи овој тип на регистрирање се злоупотребува и како во овој случај, групацијата која го пуштила вирусот во оптег, успеала да го криптира, така што корисникот нема ни да забележи дека е под закана. Сепак, доколку користите HTTPS протокол или вашите мејл сервери се криптирани под SSL/TLS, нападот од овој тип Malware ќе биде неуспешен.

Од Microsoft предупредуваат, доколку ви се јави проблем при инсталација на Windows Update, задолжително да ги скенирате вашите системски фајлови со антивирусна програма. Добрата вест е што во поголемиот дел случаи Windows Update успева да го детектира процесот како нелегален и да го спречи во намерата да ги пачува .exe системските фајлови.

failedSigs

Пораката која ќе ја добите од неуспешната инсталација на Windows Update е поради тоа што самиот процес не успева да го верификува вирусот како легална инсталација. Error кодот се јавува во три ситуации:

1. Фајлот не бил целосно симнат (Многу веројатно)
2. Фајлот е неуспешно пачуван (Малку веројатно)
3. MS верификацијата е недозволена (Скоро неверојатно)

answer

Компаниите и програмерите ширум интернет светот треба да настојуваат да користат само криптирана конекција преку HTTPS или SSL/TLS. Корисниците кои слободно сурфаат и при тоа ја користат мрежата на Tor треба да бидат свесни дека секојдневно се под закана од Malware софтвери. Се чини дека употребата на ефикасна антивирус програма во денешно време е неизбежна.

Извор: ZDNet, Leviathan Security

Претходна статијаMicrosoft го зголемува просторот за складирање за корисниците на Office 365, ќе биде неограничен
Следна статијаОдложен летот на патнички авион поради Wi-Fi мрежа