Profile_emoore_landingpage2_1_0

Twitter го претстави својот нов дизајн на почетокот од овој месец, меѓутоа се’ уште не беше достапен за сите корисници, покрај одредена бројка на избрани корисници. Како што можевте да прочитате во нашата статија, новиот дизајн е направен за профил страните на корисниците и го прави изгледот многу посличен со останатите социјални мрежи. Може да се каже дека дизајнот е комбинација од Facebook и Google+, комбинирајќи ги искуствата од овие мрежи, но притоа додавајќи и сопствени делови. Корисниците сега имаат профил слика која што стои на левата страна, а зад неа е поставена насловната страна веќе позната во другите мрежи.

Новиот дизајн можете да го вклучите со најавување со вашата Twitter сметка и одење на вашиот профил, по што ќе ви биде понудена можноста да го вклучите дизајнот. Исто така доколку поради некоја причина не ви е понудена можноста или не сте ја избрале, новиот дизајн можете да го вклучите и преку следниот линк.

Претходна статијаДостапна надградба на iOS 7.1.1, донесува подобрувања на TouchID сензорот
Следна статијаПробајте ги бета верзиите од OS X оперативниот систем
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.