overview_basics

Како што може да се види и од бројката на верзијата, а и краткиот период поминат од претходната поголема надградба, iOS 7.1.1 вклучува неколку подобрувања и исправки на проблеми пријавени од корисниците. Надградбата на iOS 7.1 беше претставена пред еден месец и во неа беа вклучени повеќе нови работи од претставувањето на новиот оперативен систем минатата година.

Главниот проблем на кој што е работено во 7.1.1 верзијата е TouchID сензорот за отпечатоци на прсти. Корисниците имаат пријавено дека не можат да го отклучат телефонот со регистриран отпечаток, односно истото се прави после неколку обиди или со внесување на лозинката за вакви случаи. Овој проблем во главно се има појавувано кај корисниците на најновиот модел iPhone 5s.

Оваа верзија исто така ги средува проблемите кои што одредени корисници ги имаат со користењето на тастатурата, како и користењето на Bluetooth тастатура кога е вклучена VoiceOver функцијата. Покрај овие промени, iOS 7.1.1 ги вклучува и стандардните сигурносни подобрувања достапни во сите надградби.

iOS 7.1.1 треба постепено да биде пуштен во различни региони, па доколку се’ уште не сте известени дека е достапен, можете самите да проверите во Settings менито на вашиот уред. Како и претходната надградба и оваа е достапна за iPhone 4 и понов, iPad 2 и понов, iPad Mini, како и 5-тата генерација на iPod.

Претходна статија„Паметните“ контактни леќи на Google на добар пат да станат реалност
Следна статијаНовиот дизајн на Twitter достапен за сите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.