Screenshot 2014-07-09 17.14.32

Полуфиналниот натпревар од Светското првенство во фудбал кој што се одигра вчера помеѓу Бразил и Германија ги изненади повеќето љубители на спортот, а исто така постави и неколку рекорди. Германскиот тим успеа да даде пет гола во првите половина час од натпреварот кој што на крајот заврши со победа од 7 – 1.

Овој натпревар постави и рекорд во бројот на твитови на еден натпревар со 35,8 милиони твитови. Дотогашниот рекорд беше за годинешниот Super Bowl и изнесуваше 24,9 милиони твитови. Натпреварите помеѓу Бразил и Чиле, како и Бразил и Хрватска се на второто и третото место на ова првенство со 16,4 и 12,2 милиони твитови.

Врвот во бројот на твитови е достигнат по постигнувањето на петтиот гол од страна на Sami Khedira со што бројката на твитови во минута изнесувала дури 580.166. Четвртиот гол е на второто место по твитови со 508.601 твитови во минута, по што следи третиот гол со 497.425 твитови во минута.

Извор: TNW

Претходна статијаFirefly Alpha ракета која работи на метан наменета за поевтини вселенски летови
Следна статијаWindows Phone 8.1 Update 1 спремна за производителите овој месец
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.