Компаниите кои што имаат потреба од поставување на помали телекомуникациски сателити во Земјината орбита или други слични сателити, моментално тоа можат да го направат преку достапните ракети користени од државните вселенски агенции. Проблемот со овие ракети, односно вселенски летала, е големиот трошок за нивното излегување во орбитата, како и ретките летови кои што мора да бидат предвреме договорени.
Ова е нешто што сакаат да го променат од Тексашката компанија Firefly која што е формирана од страна на поранешни вработени во компании како SpaceX, Blue Origin и Virgin Galactic кои што исто така работат на комерцијални летови за орбитата. Леталото наречено Firefly Alpha е наменето за летови специјално наменети за потребите на компаниите и за таа потреба неговите трошоци се значително помали. Цената за еден лет оваа компанија проценува дека би чинел околу 8 милиони долари, што е многу помалку од трошоците на стандардните летови кои изнесуваат повеќе стотини милиони.
Карактеристично за Firefly Alpha е неговиот мотор кој што користи различен дизајн од стандардните ракети, а исто така го користи метанот како гориво наместо керозинот или други течни горива. Користењето на метанот го овозможува посебниот дизајн на моторот кој што е повеќе аеродинамичен, а исто така овозможува носење на помала количина на гориво во системот. Стандардните мотори користат и додатна состојка која што треба да направи притисок за горивото да дојде до комората каде што согорува, како што е хелиумот на пример, додека метанот нема потреба од такво нешто, со што се намалува тежината на целото летало.
Извор: Engadget, New Scientist, Firefly