Можеби поголемиот број од корисниците се’ уште ја чекаат официјалната надградба на нивните Windows Phone 8 уреди на 8.1 верзијата, но исто така голем дел веќе ја користат оваа верзија преку Preview for Developers програмата. Официјалната надградба се очекува да почне да излегува за корисниците од овој месец, но сепак тука треба да се земат во предвид и производителите, како и операторите кои што треба да официјално да ја дозволат.
Според достапните информации, Microsoft планира две надградби за Windows Phone 8.1 оваа година, по што најверојатно ќе се чека на наредната поголема верзија. Првата надградба, односно Update 1 се очекува да биде достапна овој месец, додека втората некаде во Ноември. Овие информации повторно се појавуваат и според нив од компанијата се при крај со средување на првата надградба и истата се очекува да биде пуштена на производителите и операторите веќе идната недела. Се разбира обичните корисници ќе треба да причекаат повеќе време, поради тоа што тие се’ уште чекаат на 8.1 верзијата.
Доколку веќе ја користите 8.1 верзијата преку Preview for Developers програмата, можете да очекувате истата да биде достапна за вашите уреди од идната недела, се разбира доколку информациите се точни. Корисниците на оваа програма и претходно ги добиваа сите надградба кои што се спремни за производителите, така да истото се очекува да биде и овој пат.
Повеќе информации за тоа што треба да вклучува првата надградба на оперативниот систем нема, освен тоа дека ќе поддржува креирање на папки на home екранот. Папките, според случајно објавена статија на една од страните на Microsoft, ќе се креираат како и на другите платформи, односно со ставање на една апликации врз друга на главниот екран.