Shutterstock.com

Facebook почна да добива внимание кое тие можеби и не би сакале да го имаат, по излегувањето на површина на Cambridge Analytica случајот. Тогаш може да се каже дека стана официјално нешто што беше познато за многу луѓе и кои на повеќе начини го истакнуваа тоа, односно моќта која во денешно време ја има една компанија како Facebook преку позицијата на најмногу користена друштвена мрежа.

Изминатите години од компанијата се под голем притисок во главно поврзан со приватноста на корисниците, но почнуваат и истрагите поврзани со тоа дали сепак се има дозволено да Facebook добие преголема моќ.

Американската FTC, односно Федералната комисија за трговија, но и скоро сите држави во САД, имаат поднесено тужба против Facebook и како што тие ја нарекуваат нивната монополска позиција.

Според тужбите, Facebook има преголем дел од пазарот со сопственоста на Instagram и WhatsApp, а тука е и проблемот со купувањето на овие компании, нешто за кое Марк Закерберг има истакнато дека е подобро да се направи така, отколку да се дозволи конкуренција.

За компаниите кои не се купени или не може да бидат, тужбите истакнуваат дека Facebook поставува бариери за нивно функционирање и развој, со што се спречува развој на конкуренција.

Facebook, заедно со двата купени сервиси, Instagram и WhatsApp, држи најголем дел од пазарот на друштвени мрежи, нешто што на никој друг не му успеа, па дури ни на Google. Twitter можеби се популарни, но не можат да се споредат со бројот на корисници кои ги има Facebook преку нивните две мрежи и еден сервис за разговори.

Главниот резултат кој може да се случи доколку овие тужби поминат успешно пред судовите, е поделбата на Facebook, односно од компанијата ќе мораат да ги продадат Instagram и WhatsApp.

Со оглед на тоа што вакви судски процеси може да траат и со години, немаме претстава кога би можело да се очекува нешто како информација, а тука се секогаш и можностите да од Facebook бидат казнети со некоја поголема сума, а да ги задржат купените сервиси.

Од Facebook одбраната ќе ја темелат на основа на фактот што властите во САД ги имаат одобрено купувањата на Instagram и WhatsApp, па врз основа на што тие сега се „премислуваат“.

Повеќе информации, односно покриеност на темата, можете да погледнете на изворите на оваа статија.

ИЗВОРThe Guardian
ИЗВОР 2MIT Technology Review
Претходна статијаHuawei P smart 2021 донесува одличен избор на апликации преку AppGallery, одлична камера и супер достапна цена
Следна статијаМлади иноватори од нашата земја добија глобално признание за иновација за дигитална инклузија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.