Повеќето од луѓето на планетава лажат на нивните портфолија, или барем преувеличуваат одредени аспекти. LinkedIn како мрежа на која вашиот профил е вашето портфолио страда од истиот проблем, а тоа е неискреноста кај луѓето.
Од таа причина, LinkedIn развива алгоритам кој ќе ги проверува вашите тврдења, со цел да се избегнат лаги во портфолиото. Алгоритамот ќе работи со тоа што ќе ги проверува фактите и ќе ве прашува некои детали од аспектот кој сте го напишале со цел да потврди дека навистина сте го направиле тоа.
Единствен проблем е што не сите универзитети и организации ќе дозволат пристап на LinkedIn до нивните датабази со цел да се вршат проверките, ама ваквиот алгоритам ќе има ефект врз тие аспекти кои ќе можат да се проверат и со тоа ќе се зголеми степенот на искреност во профилите на корисниците, што е одлично за почеток.
Па, внимавајте што пишувате во вашето портфолио следниот пат. Можеби ќе бидете откриени доколку мамите.
Извор: TechRadar