Со оглед на огромната популарност на Instagram Stories не е воопшто чудно што оваа функција на мрежата редовно се надградува со нови можности кои им овозможуваат на корисниците подобро изразување.

Најновата можност доаѓа во два дела и истата овозможува зачувување на сите објавени Stories и нивно повторно споделување. Уште поинтересно е што повторното споделување може да биде направено со избор на повеќе Stories и со тоа да се одбележи некоја настан, на пример.

Stories Archive и Stories Highlights се имињата на двете новини и истите функционираат на следниот начин.

Сите објавени Stories ќе бидат зачувани по нивното истекување во нов дел од профилот на корисниците Archive. Истите ќе бидат прикажани според дата, од најнова до најстара. Од тука тие ќе може да се споделат повторно како Stories или во директна порака.

Она што ги прави работите поинтересни е Stories Highlights можноста. Highlights овозможува избор на повеќе од старите Stories и споделување како едно видео, односно слика. Истите ќе бидат прикажувани во нов дел од профилот, веднаш над сликите.

Highlights ќе може да се прават со притискање на копчето за таа намена на профилот, а истите ќе може да се именуваат за подобро да се истакне за што се работи.

Извор: Instagram

Претходна статијаMicrosoft лансира Skype за Linux, работи на сите популарни дистрибуции
Следна статијаКако да ја инсталирате и конфигурирате LTE антената од Неотел
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.