По додавањето на нов стикер во Stories со кој на сите корисници им се овозможи да додаваат линкови, сега од мрежата пуштија уште еден стикер кој овозможува целосно нов начин на интеракција на корисниците.

„Add Yours“ е стикер кој корисниците можат да го додадат на нивните Stories, со што ги покануваат и останатите корисници да објават свое Story. Истото ќе можат да го направат со притискање на самиот стикер, со што објавената „приказна“ ќе стане дел од оваа јавна серија.

Со додавање на Stories со притискање на овој стикер, на секоја од овие „приказни“ ќе може да се види листата од корисници кои се приклучиле на серијата. Ова може да се каже дека е и уште еден начин за откривање на нови корисници.

Како и обично, Instagram ваквите новини ги промовира повеќе како новини наменети за помладите корисници, а тоа се гледа и од сликите кои ги користат во самата најава.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ја зголеми достапноста на Windows 11 која зависи од проценките на машинското учење
Следна статијаFirefox 94 донесува интересни нови бои и автоматско ажурирање во позадина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.