Сите корисници на Instagram сега ја добиваат можноста за додавање на линкови во нивните „приказни“. Оваа функција досега беше ограничена на верификуваните профили и тие кои имаат над 10.000 следбеници.

Корисниците линкот ќе можат да го додадат како и било кој друг стикер при креирањето на Stories, односно сега е додаден уште еден стикер. Во него се внесува саканиот линк, а од Instagram најавуваат дека во иднина ќе овозможат поголеми можности за прилагодување на линкот кој сега можеби не е јасно препознатлив за доста корисници.

Од Instagram најавуваат дека поради заштита на корисниците, ново направените сметки нема да ја имаат оваа можност, а исто така и сметките кои ги нарушуваат правилата на мрежата, како и тие кои повеќе пати споделуваат говор на омраза и лажни информации.

Оваа мрежа на Facebook исто така изминатиот период ја доби можноста за објава на слики од десктоп, нешто што одамна не беше додадено, иако до мрежата може да се пристапи и од интернет прелистувачите. Сепак, Instagram започна како мрежа која е достапна само на мобилните телефони, каде корисниците објавуваат нешто штом ќе го сликаат, но јасно е дека тоа одамна не е така.

ИЗВОРInstasgram
Претходна статијаGoogle повторно го враќа вниманието кон Android таблет компјутерите со претставувањето на Android 12L
Следна статијаSamsung на SDC21 конференцијата презентираше решенија за нова ера на мрежно искуство
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.