Windows 11 официјално стана достапен од 5ти октомври, меѓутоа веќе неколку години тоа не значи дека повеќето корисници кои се заинтересирани, ќе можат да ја инсталираат надградбата. Како што беше праксата со Windows 10, така и со Windows 11, машинското учење ја проценува можноста за појава на проблеми и некомпатибилност со компјутерите, па пуштањето на надградбата оди постепено.

Microsoft при крајот на минатиот месец објави дека ја имаат зголемено достапноста на Windows 11 со помош на најновата генерација од машинско учење. Тоа значи дека корисниците на компатибилни компјутери кои не ја добија можноста да го надградат својот систем по официјалното пуштање на 5ти октомври, сега ќе дојдат на ред, барем дел од нив.

Процесот на надградба останува ист, односно има време додека Microsoft почне да го нуди Windows 11 на корисниците кои не се заинтересирани сега, па за да се види дали компјутерот е дојден на ред, треба да се провери за нови верзии во Windows Update.

Секако останува можноста за инсталација на Windows 11 со користење на алатките од Microsoft, за да не се чека машинското учење да го стави вашиот компјутер на ред за надградба преку Windows Update.

Според информациите, околу 5% од компјутерите сега работат на Windows 11 од неговото официјално пуштање. Ова се должи на претпазливото темпо на пуштање на надградбата од страна на Microsoft, но тука е и огромниот број на некомпатибилни компјутери, во главно купени пред пет или повеќе години.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаРСБСП со апел: Паркирајте совесно и одговорно
Следна статијаInstagram овозможи јавно приклучување на Stories од страна на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.