Прашање на време е кога Instagram ќе влезе во друштвото на „ултра популарни“ апликации кои имаат регистрирано над 1 милијарда корисници. Од компанијата се пофалија дека бројот на активни месечни корисници се искачил на 700 милиони, што е исчекор за дури 100 милиони споредено со декември месец минатата година.
Секако, прогресот од 100 милиони корисници за само неколку месеци не доаѓа едноставно, туку е плод на стратегијата која компанијата ја има применето за да се прошири, особено на „растечките пазари“. Веројатно најкрупен чекор во таа насока беше овозможувањето функционирање на апликацијата без интернет.
За генерална популаризација на апликацијата, секако, виновни се и Insta Stories, кои се покажаа како особено интересни за корисниците и чија стапка на раст буквално ја уништува конкуренцијата. Дека ова е најуспешната година за Instagram, од изминатите 7, колку што апликацијата постои, потврдува и бројот на огласувачи кој е највисок од кога и да е.
Извор: Instagram, Mashable