TikTok објави листа на најпопуларни видеа за годината, а истата е поделена според популарноста во САД и во остатокот од светот. Од тоа што може да се види, листата е направена од страна на TikTok и не мора да значи дека секое видео на истата има најголем број на прегледи во годината.

„Чест ни е да ја прославиме нашата глобална заедница која ги обликуваше овогодинешните трендови, сподели нови идеи, учеа едни од други и ги претвори своите страсти во кариери и средства за живот во текот на 2022 година. Беше навистина инспиративно да се видат преку милијарда луѓе ширум светот како ја покажуваат својата креативност и се здружуваат за да доживеат радост и да најдат чувство на припадност на TikTok., рече Ванеса Папас, главен оперативен директор на TikTok.

TikTok е мрежа за која не треба претставување и објаснување. Тие успеаја во точно време да го направат популарен форматот на кратки видеа, нешто што и претходно беше пуштено од други, но без ваков успех.

Целосната листа на најпопуларните видеа на TikTok можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаПивара Скопје ја претстави платформата за општествена одговорност на СКОПСКО за чистење и заштита на националните обележја
Следна статијаApple додава „од-крај-до-крај“ шифрирање на сите податоци во нивниот iCloud
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.