Моментално за да можете да креирате Gmail сметка, но и да можете да испратите или примите порака, адресите мора да бидат напишани во латиница и не можат да содржат акценти. Почнувајќи од оваа недела, Gmail ќе може да работи со email адреси кои што не се напишани во латиница, како и адреси кои што содржат акценти. Можноста за користење на вакви адреси во email комуникацијата е развиена од страна на The Internet Engineering Task Force (IETF) организацијата во 2012.
На почетокот Gmail ќе овозможи комуникација со вакви адреси, односно ќе можете да примате и да испраќате пораки на ваквите адреси. Можноста за креирање на Gmail сметка која што ќе содржи не-латински карактери во адресата или акценти, нема веднаш да биде овозможена. Од Google истакнуваат дека ова е првиот чекор кој што ќе води и кон таа можност. Исто така поддршката за работа со вакви адреси набрзо ќе биде овозможена и за Google Calendar.
Извор: Google