нвнб

Неодамна наидовме на интересен проект Blitzortung.org, чија главна цел е да создаде мапа за детекција на молњите кои во реално време се случуваат насекаде низ светот. Идејата е слична како пратење на авионите во воздух, но тука станува збор за пратење на удари од гром.

Всушност Blitzortung претставува детекциска мрежа составена од повеќе приемници, односно радио-фреквенциски антени преку кои се пратат електромагнетните празнења во атмосферата. Добиените податоци од овие приемни станици во многу краток временски интервал се пренесуваат до главниот сервер на Blitzortung. Секој примен податок содржи прецизно време на ударниот имплус и точна географска позиција поради што и во реално време може да се пратат празнењата. Пример е следната слика каде бојата на точките на мапата означува пред колку време било празнењето, односно ако се случило пред 20 минути точката е бела, додека повеќе од 120 минути покажува црвената точка.

гром

Во овој проект може да учествува секој кој е фасциниран од оваа природна појава и сака да допринесе за проширување на мапата. Понудена е можност да се пријавите во делот “Cover your area”, каде воедно е и понуден пакет со кој може да направите сопствена приемна станица за околу 200 евра. Мапи во реално време моментално се достапни за Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија и делови од Океанија.

Извори: Blitzortung, Geek

Претходна статијаMicrosoft ја продолжува поддршката за Android, го претстави Nokia X2
Следна статијаПоголем простор на OneDrive за сите корисници, 15GB бесплатно и 1TB со Office 365