Facebook оваа недела направи промени на нивното лого, односно тоа кое што го вклучува целосно име на социјалната мрежа. Буквата F која што најчесто ја гледате кога сте на Facebook ќе остане непроменета.
Доколку некој не ви каже, шансите се дека нема ни да забележите дека логото на социјалната мрежа е променето. Тоа е така поради тоа што се работи за негово освежување, а не целосно нов концепт.
Промената вклучува нов фонт кој што е развиен од дизајнерскиот тим во компанијата во соработка со Eric Olson од Process Type Foundry. Првото лого е изработено во 2005 година од страна на Joe Kral и Cuban Council на база на Klavika фонтот кој што е доработен.
Главната промена на новото Facebook лого ќе ја забележите кај буквата а, која што доаѓа со различна форма. Исто така, забележлива е промена и кај другите букви кои што се повеќе заоблени, меѓутоа како што кажавме, доколку некој не ви укаже, шансите се дека нема ни да забележите разлика.