Shutterstock.com

Facebook во февруари започна со отстранување на објавите преку кои се тврди дека Sars-COV-2 вирусот, кој го предизвикува COVID-19, е направен од страна на човекот, односно во лабораторија. Ова тврдење тогаш се сметаше за лажна вест која од мрежата, заедно со други тврдења, почнаа да ги тргаат со цел да се спречи ширењето на неточни информации.

Во меѓувреме сепак уште немаме дефинитивни информации за потеклото на вирусот, иако цел тим на СЗО беше во Кина да ги направи потребните истраги. Тие преку својот извештај не дадоа конкретни откритија, па останаа во главно на кажување на шансите колку ти сметаат дека нешто од веројатно.

Шансите вирусот да е направен во лабораторија се истакна дека се мали и дека за тоа не се најдени докази.

Оваа недела претседателот на САД, Џо Бајден, истакна дека им наложил на разузнавачките агенции да го откријат потеклото на вирусот, а тоа доаѓа по нивното откритие дека во ноември 2019 неколку истражувачи од институтот за вирологија во Вухан се разболеле и морале да бидат хоспитализирани.

Ова секако не значи дека тие биле болни со COVID-19, но дефинитивно го привлекува вниманието затоа што тоа е градот каде започна пандемијата, а и отприлика во тој период.

Кога се разговара за потеклото на вирусот и се кажува дека излегол од лабораторија, не секогаш се мисли дека тој е вештачки создаден. Според одредени информации, вирусот се појавил во кина пред околу 5 години, по што е земен примерок да се истражува во Вухан, па се става можноста дека потоа од таа лабораторија излегува и се проширува.

Ќе видиме дали воопшто во блиска иднина би имале конкретни докази и информации за да може дефинитивно да се заклучи од каде потекнува Sars-COV-2.

ИЗВОРCNN
Претходна статијаА1 Македонија по повод Меѓународниот ден на детето
Следна статијаThe Falcon and The Winter Soldier (2021)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.