1476542_10151809075448553_1540628367_n

Facebook денеска преку нивниот блог изјавија дека започнуваат со тестирање на проширување на нивната платформа за рекламирање надвор од нивната мрежа. Ова значи дека Facebook рекламите ќе бидат прикажувани покрај на социјалната мрежа и на други места од трети страни. Платформата која што се тестира е наменета за мобилните апликации, меѓутоа не и веб страните. Оваа платформа на Facebook ќе претставува директна конкуренција на веќе развиената и најпопуларна Google AdSense платформа за рекламирање.

Преку користењето на ваква платформа Facebook ќе биде во можност да им понуди на своите огласувачи поголем досег на нивните реклами, а исто така ќе им овозможи уште една платформа за заработка на програмерите на апликации.

Поради големата база на податоци со која што располага Facebook за своите корисници, се очекува дека преку оваа платформа ќе може да им овозможи на огласувачите таргетирање на вистинските корисници, а со тоа да им овозможи поголем ефект на кампањата. Секој корисник на Facebook следи одредени страници, коментира на истите, клика на одредени објави и многу повеќе, нешто што овозможува Facebook да изгради профил на корисниците и нивните интереси, па и можност за попрецизно нивно тергетирање. Се разбира количината на податоци која што ги поседува Facebook и слични компании е предмет на дискусија за можната злоупотреба на истите поради зголемување на нивниот профит.

Претходна статијаJolla Sailfish OS инсталиран на Nexus 4
Следна статијаTwitter ја редизајнира својата веб страна за унифицирање помеѓу платформите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.