Screenshot 2014-01-23 19.16.57

Twitter направи редизајн на својата апликација за iOS и Android при крајот на минатата година, со што покрај другите промени воведе почист и светол дизајн, наместо претходниот кој што се состоеше од црна лента на горниот дел од интерфејсот. Следејќи го овој концепт и со цел да овозможи унифицирано искуство и изглед на Twitter на било која платформа, направен е редизајн и на главната веб страна. Истата сега наместо црната лента на горниот дел, е заменета со бела лента и сини делови, со истата боја како на мобилната апликација.

Претставуваме нов освежен Twitter.com кој го отсликува изгледот и чувството од нашите iOS и Android апликации.

Twitter има и официјална апликација за Windows Phone платформата, меѓутоа истата сеуште го нема добиено новиот кориснички интерфејс, но тоа не е ништо чудно со оглед на фактот дека оваа платформа сеуште се бори да ги стигне Android и iOS.  Сепак не толку одамна Windows Phone верзијата го доби стариот дизајн што апликацијата на другите платформи го има одамна.

Претходна статијаFacebook ќе ја прошири платформата за реклами надвор од нивната мрежа
Следна статијаНов „Smart Control“ далечински управувач од Samsung
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.