Sailfish OS е мобилен оперативен систем базиран на Linux и развиван од страна на Jolla, компанија формирана од страна на поранешни програмери од Nokia кои си имаат отидено после затворањето на MeeGo проектот. Овој оперативен систем може да се најде на Jolla мобилниот телефон официјално претставен при крајот на минатата година.
За Sailfish OS исто така беше најавено дека во иднина ќе може да се инсталира на Android телефоните, позната активност за голем број на корисниците. Оваа можност сеуште не е официјално достапна, меѓутоа поради open source основата на оперативниот систем одреден корисник веќе го има направено ова. Поточно се работи за инсталирање на Sailfish оперативниот систем на Nexus 4 телефонот. Нема информации за тоа на кој начин е направено ова, ниту пак водич или потребните фајлови за било кој друг да може да го направи истото. Достапно е видео на кого е прикажан процесот на инсталирање на системот, како и иницијалното поставување. Сепак од видеото може да се види дека за негово инсталирање, како и за било кое друго инсталирање на друг оперативен систем на Android телефоните, потребно е добивање на root пристап на оперативниот систем.
Покрај можноста за тестирање на овој оперативен систем од страна на заинтересираните, ова претставува можност за тестирање од страна на програмерите кои што можеби би биле заинтересирани за развивање на апликации за истиот.