Shutterstock.com

Facebook денеска најави неколку новини кои треба да овозможат повеќе контрола и контекст во листата со новости кај корисниците. Конкретно најавени се три новини со кои корисниците ќе можат да имаат поголема контрола над нивната апликација.

Првата новина која е најавена е можноста за ограничување, односно избор за тоа кој ќе може да коментира на јавните објави. Покрај можноста да им биде дозволено на сите или на пријателите, Facebook воведува корисниците да можат да изберат на нивните јавни објави да можат да коментираат само профилите и страните кои се споменати во објавата, односно „тагнати“.

Со ова ќе се ограничат ситуациите кои се се’ повеќе „нормални“ изминатите години, а тоа е многу коментари кои во главно се некултурни, навредливи, полни со пцовки, закани и слично. На овој начин, јавните објави ќе можат да продолжат да се објавуваат, но без можноста кој сака да ги полни коментарите.

Втората новина е поврзана со начинот на прикажување на листата со новости. Веќе одамна истата функционира на основа на познатиот алгоритам на Facebook, а можноста да се гледаат најновите објави е „скриена“ во прилагодувањата, па ретко кој ја користи. Сега истата ќе биде лесно видлива на горниот дел од листата, а корисниците ќе можат да изберат да ги гледаат објавите од нивните омилени профили и страни, најновите објави од сите, како и стандардниот начин со алгоритамот.

Од Facebook исто така најавија дека ќе овозможуваат подобро објаснување зошто е прикажана некоја објава од страна која корисниците не ја следат. Тие ќе знаат дека ваквите предлози од објави се прикажуваат поради тоа што корисниците имаат слични интереси, нивните пријатели имале интеракција со тие страни, како и предлози од страни кои се поврзани со локацијата.

Овие новини треба да почнат да стануваат достапни за кратко време на Android, а наскоро се најавуваат и на iOS.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаXiaomi го претстави својот прв телефон со екран кој се превиткува
Следна статијаСеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.