Фото: Shutterstock.com

Елон Маск, кој уште претходно најави дека само привремено ќе биде главен извршен директор на Twitter, објави анкета преку која прашува дали треба да се тргне од оваа позиција во компанијата.

Резултатот од анкетата ќе биде почитуван од страна на Маск, а тој на 46 минути пред завршувањето е во корист на тие кои гласале со „да“.

Имаат гласано повеќе од 16 милиони следбеници на Маск и гласовите за имаат 57,5%, додека гласовите против имаат 42,5%.

Очекувањата од Елон Маск и неговото купување на Twitter се’ уште се големи, но резултатот од анкетата не изненадува. Маск донесе доста одлуки изминатиот период, а некои од нив навистина почнуваат да чудат.

Тој исто така може да се каже дека целото внимание го насочи кон него, па можеби повлекување од позицијата малку ќе ги смири работите.

Засега нема информации за тоа кој би можел да ја преземе одговорноста за секојдневното функционирање на компанијата, но изгледа дека таква личност сепак ќе биде објавена во периодот што следи.

Претходна статијаБрзо, лесно и едноставно до електронска фактура на ЈП Водовод и канализација – Скопје
Следна статијаMicrosoft Teams доби Premium додаток кој овозможува дополнителни функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.