Фото од renehesse преку Pixabay

Volkswagen како компанија ќе добие вкупно 270 милиони евра од неколку поранешни директори кои се сметаат како одговорни за познатиот скандал поврзан со дизел возилата од компанијата, како и уште неколку други брендови во нивна сопственост.

Поранешниот главен извршен директор Мартин Винтерком, ќе плати 11,2 милиони евра, а директорот на Audi Руперт Стадлер, ќе плати 4,1 милиони евра. Уште неколку други луѓе на менаџерски позиции ќе платат помали суми, а најголемиот дел до 270 милиони евра ќе биде наплатен преку осигурувањето за директорите во компанијата. Осигурувањето е замислено да се користи во ситуации кога директорите треба да бидат заштитени од лична одговорност, како и покривање на правни трошоци, но може да се искористи и за вакви ситуации.

Сумата која ќе ја добие Volkswagen е многу мала во споредба со трошоците кои се направени како казни и правни трошоци, како и исправка на возилата, кои достигнуваат сума од 32 милијарди евра. На ова во годините што следат треба да се додадат дополнителни трошоци кои ќе треба да им бидат исплатени на акционерите.

Инаку, Volkswagen беа дел од позната афера пред неколку години кога беше откриено дека од компанијата намерно ги имаат намалувано резултатите за тоа колку нивните дизел возила загадуваат. На почеток вината беше насочена кон неколку инженери, но после се дозна дека сепак и менаџментот на компанијата знаел за случувањата.

Од тогаш Volkswagen се насочи кон развој на електрични автомобили, нешто што веќе не е ни избор за повеќето кои во наредните десетина години ќе нудат само ваков вид на автомобили.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаБајден ја промени одлуката на Трамп поврзана со TikTok и останатите кинески апликации
Следна статијаИнтелигентни компјутери наменети за бизнис корисници – Dell Optiplex со Intel Core процесори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.