Shutterstock.com

Покрај Huawei и уште неколку други кинески компании, проблем во соработката со САД имаа и неколку софтверски кинески компании, меѓу кои најпознати беа TikTok и WeChat. Познати се и случувањата од минатата година кога се договараше продажба на TikTok на американски партнер, но ништо од тоа не помина на крај.

Проблемите на TikTok и другите дојдоа од неколку извршни одредби кои ги донесе тогашниот претседател Доналд Трамп, а истите сега се променети од страна на Џо Бајден. Новиот претседател оваа недела донесе нова извршна одредба со која ги укинува претходните, но изгледа е само прашање на време до кога.

Новата извршна одредба ги укинува блокадите на апликациите како TikTok, но сепак се истакнува дека таквите апликации собираат огромна количина на податоци за американските корисници, што може да претставува закана за националната безбедност.

Апликациите кои се доста популарни кај американските корисници ќе мора да ги задоволат законите и правилата за заштита на приватноста. Американските власти ќе прават ревизија на начинот на работа на апликациите, пред за истите да се заклучи дали прават одредена злоупотреба, на како што се истакнува во одредбата, човековите права.

Министерството за Трговија ќе има 120 денови да ја направи потребната ревизија, заедно со повеќе други владини агенции. Што точно може да се очекува со најавената ревизија не е познато, па останува да видиме дали на крај повторно ќе бидат вратени одредени забрани за функционирање.

Апликациите како TikTok во извршната одредба се нарекуваат апликации кои се дизајнирани, развиени, произведени или доставени од страна на лица во сопственост, под контрола или под јурисдикција на странски противници, а во таа категорија влегува и Кина.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаFacebook развива паметен часовник со вградени камери и фитнес функции за идната година
Следна статијаVolkswagen ќе добие 270 милиони евра по спогодбата со неколку од поранешните директори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.